Оформување на тимот
Во Јуни 2008 година, во Тетово започна со функција блогот на АСМ кој служеше како дружина за хумор. Набргу стана доста познат со што доведе до најава за еден поголем проект. Дејан Станојевиќ со мала објава дека во Јули следува нешто многу поголемо од само еден блог го исполни со тоа што ги повика Благојче Трајковски и Даниел Нешкоски да го пополнат тимот на актери кои ќе снимаат хумористични скечови. Позади камера го повика Ален Јевтиќ кој е во тимот и до ден денеска. Првото издание на АСМ беше претставено на 3 Јули 2008 година кое беше високо оценето од публиката.
Тимот на АСМ сними околу 60 скечови кои беа поставени на официјалниот YouTube канал кои за многу кратко време добија огромна гледаност.
Тимот продолжи да работи се до Јануари 2010 кога ги сними последните скечови со овој тим пред да се распадне. АСМ беше во мирување две години. Беа направени напори да се врати стариот тим, но безуспешни.
Нов почеток
Во декември 2011, Глигор Кондовски се приклучи како режисер и воведе нова продукција во АСМ. Во склоп на тимот влегоа нови ликови, два машки и два женски лика, додека Даниел Нешкоски се откажа. Новите актери се: Елена Перинска, Димитар Филиуца, Милена Илиевска и Мирослав Андријевиќ. Ален Јевтиќ повторно застана позади камера.
АСМ даде согласност за емитување на новите скечови на локалната Телевизија Менада со што за прв пат по долга пауза се појави на малите екрани.
Име
Името АСМ (Анти Спортисти на Македонија) дојде сосема случајно во 2006 година, кога веќе почнаа компјутерите да стануваат хит и секој да ги има; спортот беше заборавен. Анти Спортисти не означува омраза кон спортот, туку луѓе што не спортуваат.
Што иднината ни носи – незнаеме! Само знаеме дека ХУМОРОТ Е НА НАША СТРАНА!
